strumica denes logo

Зимско сметање на времето – стрелките се враќаат за еден час

Ноќта меѓу 28 и 29 октомври стрелките на часовникот ќе треба да се поместат за 1 час назад.

Зимското сметање на времето секогаш почнува последниот викенд во октомври и трае до последниот викенд на март, според актуелните закони во Македонија.

Во ЕУ постоеше иницијатива да се укине промената на времето, но засега тоа е само идеја. Планот беше да се остане на летното сметање на времето, а за време на енергетската криза минатата година вакво нешто се размислуваше и од македонската влада, но наиде на жесток отпор од бизнис секторот.

Автор:

Датум:

октомври 12, 2023