Македонија е на петтото место на списокот на најсиромашни пазари во Европа, а војната ја стави Украина на водечкото прво место. Оваа листа, која ја состави германскиот економски портал Дервенстен, е направена врз основа на БДП по глава на жител. Анализите покажале дека во Македонија, БДП достигнал 6.608 долари. Со тоа, со ваков БДП по глава на жител, земјава е на петтото место на списокот со најсиромашни пазари во Европа.
Германскиот економски портал Дервенстен го подготви овој список, кој е објавен на веб-страницата Косово онлајн. На листата со десетте најсиромашни во Европа, Косово е рангирано како втор најсиромашен пазар во Европа за 2023 година, по Украина.
– Листата е направена врз основа на бруто домашниот производ (БДП) по глава на жител и според рангирањето, Србија е на десеттото место со БДП од 10.360,72 долари по глава на жител – пишува овој економски портал и дополнува дека на четвртото место е Албанија, чиј бруто домашен производ е 6.457,22 долари.
На третото место е Молдавија со БДП од 5.671,22 долара, најсиромашна во Европа е Украина, со БДП од 4.348,57 долари. Црна Гора е на деветтото место со БДП од 9.811,86 долари, а Белорусија е на осмото со БДП од 7.859,63 долари.
– Седмото место го зазеде Босна и Херцеговина со БДП по глава на жител од 7.337,72 долари, додека Грузија е на шестото место со бруто домашен производ од 6.670,73 долари – пишува порталот Дервенстен.