strumica denes logo

ЗДРАВА КОТЛИНА: Предлогот за референдум е замајување на јавноста, стварање конфузија тактика за одвраќање на луѓето од протести!

Автор:

Датум:

јули 9, 2023

Автор:

Датум:

јули 9, 2023

ЗДРАВА КОТЛИНА:

РЕФЕРЕНДУМ ЗА РУДНИКОТ НА СМРТТА??!

Предлогот за референдум е замајување на јавноста, стварање конфузија тактика за одвраќање на луѓето од протести, обид за релативизирање и смирување на револтот што се шири како пожар низ Македонија.

Најпрво тетовски Еколог влезе во Еуромакс, па Управниот суд донесе дијаметрално спротивна одлука, па бесрамната Влада ги спои концесиите, а вчера извршниот одбор на СДСМ излезе со предлог за референдум?!?

Добро има ли некој нормален што не би ви кажал дека со ваков предлог се “остава” на народот со гласање да аминува и да го покрие криминалното барање за обештетување што адвокатите на Еуромакс и Владата би го договориле на арбитража.

Не е спорно дека никој не сака рудник и дека евентуален референдум против рудникот на смртта ќе биде местен како што е потребно на елитите во политичките партии!

НО, Уставниот суд во 2018 не научи дека локални референдуми не се уставни за рудници!

Ова е обид за обезбедување алиби од кривична одговорност на функционерите што се имаат потпишувано на документи и што делувале криминогено. Особено затоа што успешен референдум ќе биде причина за овозможување на легална пљачка на буџетот поради договорени оштетни побарувања.

Останува да им порачаме на извршниот одбор на СДСМ дека евентуален ефект на референдум ќе има, но на денот на редовни или вонредни избори. А по тие избори ќе има многу незгодни прашања за сите што овозможија или не постапија за да се одржат законите на државата.

Сите на протест на 15 јули во Струмица! Македонија се брани од отрови и арамии!

Рудник нема да има!