Заследете го „Балкан Твист“(@balkan.twist) на инстаграм за повеќе рецепти!
Детоксикација е природен процес на неутрализирање или елиминација на токсините од човечкото тело. Токсините хемиски се претвораат во помалку штетни материи кои потоа се излачуваат во столицата или урината.
Правилната и урамнотежена детоксикација го ослободува вашиот организам од штетните бактерии и токсини. Со тоа всушност, го регенерирате организмот, ја подобрувате неговата работа, го зајакнувате и му ја враќате потребната рамнотежа.
Еден од начините за прочистување на организмот е токму овој пијалок кој се подготвува брзо и може да стои во фрижидер.
Потребни состојки:
– вода 🍶
– лимон 🍋
– краставица 🥒
– мента или нане
– лед 🧊
Начин на подготовка:
🔪 Лимонот и краставицата насечете ги на кругови, а потоа редете ги наизменично во бокал за вода заедно со листовите мента.
🧊 Додајте лед и вода и ставете во фрижидер.
Препорачана доза е 2 чаши на ден најдобро на гладен стомак.
Видео:
View this post on Instagram