Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:
Кој, ако не ние и за кого, ако не за децата.
Општина Струмица доби Детски иновативен и инклузивен комплекс за игра ,,FREE CAGE” наменет за деца и млади со посебни потреби.
Во комплексот кој е лоциран во втората урбана заедница е вклучена играта ,,THREE MEN’S MORRIS” која има повеќекратно значење бидејки друштвените игри ги зближуваат луѓето, помагаат во запознавање на нови луѓе, ја зголемуваат функцијата на мозокот, креативноста и самодовербата.
Детскиот иновативен комплекс од ваков тип е прв во општина Струмица и меѓу првите општини во државата и е донација од Амбасадата на Народна Република Кина, а како резултат на добрата соработка со нашата Општина.