Борче Цветков, Претседател на Општинска Организација СДСМ Струмица:
✔️Ја зголемивме минималната плата, а пензиите се зголемија за рекордни износи. Државата веќе не е заробена и меѓународно изолирана, туку сега забрзано чекориме кон ЕУ, преку процесот на преговори, што го започнавме по 17 години чекање.
✔️И во време на светска економска криза покажавме дека преку успешни политики можеме да градиме стабилна и развојна економија, атрактивна за странските компании и економија која гарантира подобар живот за нашите граѓани.
✔️Субвенциите се исплатуваат редовно и навремено, за првпат се воведува авансна исплата на дел од субвенциите.
📍Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ денеска заедно со заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска и членовите на ИО Ивона Кузмановиќ и Kostadin Kostadinov бевме со граѓаните на Куклиш и втора УЗ во Струмица