На 06.05.2023 во 20.55 часот во СВР Струмица, М.С.(47) од с.Баница, струмичко, пријавил дека околу 17.30 часот во с.Баница бил физички нападнат од И.В. и С.В. од истото село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.05.2023 во 22.15 часот во СВР Струмица, И.М.(40) од с.Самоилово, струмичко, пријавил дека околу 21.30 часот во с.Ново Село бил физички нападнат од Љ.Н. од с.Иловица, струмичко. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.