strumica denes logo

Беса бара албанскиот јазик да биде рамноправен со македонскиот јазик во Македонија

Автор:

Датум:

април 1, 2023

Автор:

Датум:

април 1, 2023

Движењето Беса, врз основа на одредбите од член 130 од Уставот на Македонија, бара од Владата во текот на составувањето на нацрт-верзијата на уставните измени, која ќе биде испратена за расправа до Собранието, да направи измени и на петтиот амандман, покрај измената на уставната преамбула.

Опозициската партија Беса бара со отворањето на највисокиот правен акт освен вметнувањето на Бугарите во Преамбулата да се вметне и употреба на албанскиот јазик како службен јазик на територијата на целата држава. Беса бараат измена на амандманот 5 од уставот со што албанскиот ќе биде рамноправен со македонскиот јазик во земјава.

Форулацијата што ја предлагаат од партијата се однесува на членот 1, точка 1 став 1 и гласи:

„На целата територија на Македонија и во меѓународните односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик и неговото писмо. Движењето Беса не е против вклучувањето на бугарската заедница во преамбулата на Уставот, но ние инсистираме да се смени амандманот 5 од Уставот и албанскиот јазик да биде рамноправен со македонскиот јазик во Македонија. Убедени сме дека преку корекција, појаснување и интервенциите во членовите предложени погоре, значително ќе се поправи Уставот. Значи, со овие интервенции, не само што ќе се зајакне мултиетничкиот и социјалниот карактер на државата, туку истовремено ќе се овозможи ефикасно функционирање на државните институции, што е многу важно за земја-членка на НАТО и на држава која има за цел да биде дел од ЕУ“, се вели во соопштението на партијата.

Од Министерството за правда велат дека сите барања во врска со уставните измени ќе бидат разгледани.

„Министерството за правда известува дека сите барања во врска со уставните измени, ќе бидат предложени и разгледани на работната група која ке биде наскоро формирана а во која свој член ќе имаат политичките партии, меѓу кои и партијата Беса“, се наведува во соопштението од Министерството за правда.