Милиони луѓе ширум светот во исто време симболично во своите домови ќе го исклучат осветлувањето во знак на солидарност за планетата Земја.
Кон акцијата неколку години наназад се приклучува и нашата земја. Светилките ќе бидат изгаснати во периодот од 20:30 до 21:30 часот по локално време.
Часот на планетата Земја е најголемата светска еколошка акција, која секоја година обединува милиони луѓе ширум светот.