strumica denes logo

Османи најави премиер Албанец за неколку месеци

Автор:

Датум:

март 15, 2023

Автор:

Датум:

март 15, 2023

За неколку месеци ќе го добиеме првиот албански премиер, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи, но овојпат во улога на координатор на огранокот на ДУИ во Чаир.

Тој на чаирчани вечерва јасно и гласно им порача дека Македонија за неколку месеци ќе го добие првиот премиер Албанец, а ова е ова е првата изјава на владин претставник во која се најавуваат избори оваа година.

– Бевме народ без јазик, народ без знаме, народ бес достоинство, но работите сега се променети. Да почнеме со претседателот на државата кој е консензуален и кој ја води војската со печат на албански јазик. Да продолжиме со претседателот на Собранието и со употребата на албанскиот јазик. Во регионот имаме три парламенти во кои се водат седници на албански јазик. Ја имаме и Владата во која за неколку месеци ќе го добиеме првиот албански премиер – рече Османи.

Османи најверојатно мисли на Пржинскиот договор за техничката влада, според кој што Албанец би ја водел земјава во последните 100 дена пред одржувањето на парламентарните избори.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со месеци бара предвремени парламентарни избори, но Владата одбива. Редовните избори се во 2024 година.