Овие брзи бомбици се идеални за оние денови кога ви се јаде нешто благо, а немате ништо дома.
Исто така ќе ви се допадне тоа што се подготвуваат од здрави и посни состојки, не содржат глутен и вештачки шеќери, а постапката за подготовка е мошне едноставна.
Како да ги подготвите најбрзите чоколадни бомбици?
Потребни состојки:
- 2 банани;
- 1 шолја кокос;
- 3 лажици какао;
- мед (за прелевање).
Начин на подготовка:
- Бананинте се гмечат со виљушка во подлабок сад;
- Се додава кокос и какао и се замесува тесто од кое се обликуваат бомбици;
- Готовите бомбици се прелеваат со малку мед и се посипуваат со кокос.
Видео упатство: