strumica denes logo

Револуцијата на Илон Маск продолжува – Неговиот интернет ќе помогне да се спасуваат животи од опасни бури!

Автор:

Датум:

март 1, 2023

Категории:

Свет, Струмица

Автор:

Датум:

март 1, 2023

Категории:

Свет, Струмица

Интернет-констелацијата Starlink на компанијата SpaceX во сопственост на Илон Маск досег помогна да се одржува комуникација со жителите на Украина среде инвазијата на Русија врз земјата. Исто така, на корисниците ширум светот им помогна да живеат подалеку од цивилизација и сепак да бидат информирани за се.

Но, оваа услуга наиде и на силни критики минатата година, кога група научници се организираа да протестираат против воспопставувањето на Starlink, тврдејќи дека може да и наштети на околината и евентуално да доведе до синдромот Кеслер. Дури и НАСА изрази загриженост дека сателитите на Starlink може да го блокираат погледот кон некои опасни астероиди.

Сепак, неодамна метеорологот кој е добитник на Еми и воедно следач на бури, Ник Стјуарт, ја употреби услугата Starlink RV за да емитува торнадо. Тоа немаше да може да го сподели преку обичен мобилен провајдер.

Стјуарт верува дека оваа интернет услуга може да му помогне нему и на многу други попрецизно да известуваат за опасните бури и да спасат животи. Додека го следел торнадото на 16 јануари годинава Starlink RV воопшто немала проблем и била подобра од која било мобилна услуга која ја има користено во својата работа, вели Стјуарт.

Стјуарт следи бури и прави временски прогнози професионално за Iowa News Now. Почнал како тинејџер и и денес продолжува со оваа опасна работа затоа што верува дека може да спаси многу животи. Следачите на бури може да обезбедат суштинкси информации за патеката на бурите и нивната јачина, а тоа ќе му помогне на локалното население да се евакуира пред да стане предоцна.

Стјуарт објаснува дека Starlink RV му овозможила да емитува како изгледа торнадото од рурална локација погодена од бурата каде што немало мобилна мрежа.

Во наредните години само ќе се шири покриеноста на Starlink и ќе се појави во различни формати во уште повеќе држави.