strumica denes logo

Мајка извлечена од рушевините после 176 часа – фотографиите од нејзиниот син кога видел дека е жива го обиколија светот!

Автор:

Датум:

февруари 13, 2023

Автор:

Датум:

февруари 13, 2023

Потресни фотографии пристигнуваат од Турција, на кои се гледа како спасувачите водат битка со времето за да најдат преживеани – осум дена по разорниот земјотрес.

Во Антакија е спасена жена по 176 часа престој под урнатините, а фотографиите на кои нејзиниот син се радува го обиколија светот.

Според турските медиуми, Серап Донмез била извлечена од урнатините во 176 часа по разорниот земјотрес, пренесува РТС.

Откако ги видел спасувачите како ја носат, нејзиниот син не можел да ги задржи солзите додека ја довикувал мајка си.

Солзи радосници можеле да се забележат и на лицата на членовите на спасувачката екипа, пренесуваат турските медиуми.

Осум дена по разорниот земјотрес, има сè помалку шанси да се најдат преживеани под урнатините, па спасувачките операции како оваа се многу потресни.

Сепак, спасувачите не се откажуваат и потрагата продолжува.