Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:
Од срцето на Струмица, Малиот градски парк, денеска го најавив првиот фестивал посветен на велосипедот и љубителите на велосипедизмот – „Вело Струмица“.
Уште една иницијатива, новина, уште еден голем проект во нашата држава започнува токму во Струмица.
Препознавајќи ја уникатноста, долгата традиција, практичноста и придобивките на велосипедот како сигурен, достапен, чист и еколошки одржлив начин на транспорт и понесени од идејата за одбележување на 3.Јуни – Светскиот ден на велосипедот, од 2 до 5 јуни го организираме фестивалот „Вело Струмица“ со серија активности за различни целни групи.
Ги поканувам сите заинтересирани граѓани од општината и целата држава и секако, љубителите и зависниците од велосипедот да дојдат и да бидат дел од „Вело Струмица“.
За еколошки град и чиста околина.
Со двојно помалку тркала, до двојно повеќе забава.
Да согоруваме масти, а не нафта.
Вози велосипед… и сé е блиску!