Денеска не очекува умерено до значително облачно со слаб ветер од северен правец.
Во среда не очекува претежно облачно, со повремен локален дожд. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Во четврток не очекува променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Во петок на последниот ден од годината не очекува сончево и потопло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот во северните делови облачноста ќе се зголеми.
УХМР најавува и актуелно предупредување за во следните два дена.
Во следните два дена ќе преовладува значително облачно време со појава на магла и ниска облачност по котлините и речните долини.
Повремен локален дожд ќе има во среда, а потоа во следните денови времето ќе биде стабилно и се потопло. Температурите ќе бидат над просекот за овој период од годината, што ќе предизвика постепено топење на снежната покривка.