strumica denes logo

СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА БОСИЛОВО – ЗАЕДНО СО РИСТО МАНЧЕВ ОСТВАРИЈА УВИД НА КРИТИЧНИТЕ ТОЧКИ ЗА ПОПЛАВУВАЊЕ!

Автор:

Датум:

декември 21, 2021

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

декември 21, 2021

Категории:

Струмица

Ристо Манчев, градоначалник на општина Босилово:

На иницијатива на општина Босилово денес со Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов ги посетивме критичните места на река Струмица и река Језга (Радово-Турново) и на лице место констатиравме дека е неопходно веднаш да се преземат мерки за санирање на критичните точки и за чистење на речното корито. Чистењето на овие речни корита не е во надлежност на општината, но како општина сме подготвени да интервенираме и да помогнеме со целиот наш потенцијал.