strumica denes logo

СЛУЖБАТА НА ИТНАТА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ ВО СТРУМИЦА ГО ГОЛЕМИ ВОЗНИОТ ПАРК СО ДВЕ НОВИ ВОЗИЛА!

Автор:

Датум:

декември 10, 2021

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

декември 10, 2021

Категории:

Струмица

Д-р Љубица Митева, директорка на ЈЗУ „Здравствен дом“ – Струмица:

ЈЗУ “Здравствен дом” Струмица продолжува со успешни политики за подобро јавно здравје на граѓаните.

Го зголемивме бројот на возила во возниот парк на Службата за итна медицинска помош и домашно лекување со уште 2(две) нови возила за транспорт на пациенти.
Се очекува во првата половина на месец декември 2021год. да пристигне уште едно амбулантно возило со комплетна медицинска опрема за потребите на итната помош.
Но, не би била Службата за итна помош и домашно лекување комплетна се додека не заврши нејзиното комплетно реновирање на простор и медицинска опрема кое е во тек.
Но, приказната не застанува само со Службата за ИМП и домашно лекување.

После многу долги години за прв пат се опремува и Службата за стоматолошка превентивна здравствена заштита и Службата за итна стоматолошка помош со 4(четири) нови модерни софистицирани стоматолошки столови.

Со тоа ги подобруваме условите за работа и услугите за подобра превентивна здравствена заштита.
Приказната не е завршена. Продолжува…
Ваш,

ЈЗУ “Здравствен дом” Струмица