Вечерва општинската зграда на Струмица светна во портокалова боја во чест на борбата против родово базирано насилство.
Europe House
Струмица во петок (03.12.2021) организира два настани во чест на борбата против родово базирано насилство и тоа: изложба на отворено „Како ти изгледа од овде?“ која ќе се одржи од 12:00 до 16:00 часот на градскиот плоштад „Гоце Делчев” и дискусија „Една од три” која ќе се одржи во просториите на
Europe House
Струмица.
Насилството какво и да е не треба да е табу!
Охрабри се и пријави!
Фото: Столе Ангелов