На 26ти ноември, во „Сцена 112“ во Дом на Култура “Антон Панов” во Струмица, со почеток во 20:00 часот струмичкиот бенд Дактили ќе одржи концерт.
Инаку, Дактили е бенд кој создава оригинална – авторска музика и е активен на сцената од 2018та година, а во денешниот нивен состав членуваат: Џејд Бинева во улога на вокалист, Столе Велков свири бас, Љубен Маџиров – тапани, и Ставро Ангелаков – гитара.
На концертот ќе бидат изведени нумери од нивниот албум “Рандом Дестинација”, како и нов материјал кој струмичката публика ќе има прилика да го слушне премиерно.
Билети за концертот можат да се купат во South Side Cocktail Bar, и во барот Нагоре.
Заради ковид пандемијата, ќе бидат испочитувани сите превентивни и заштитни мерки.