strumica denes logo

Владата на Република Македонија прогласи 30-дневна енергетска кризна состојба во државата!

Автор:

Датум:

ноември 9, 2021

Автор:

Датум:

ноември 9, 2021

Владата на денешната седница донесе одлука за прогласување кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија во траење од 30 дена на барање на Комисија за проценка на енергетскиот сектор во државата, формирана од Министерството за економија.

Како што информираше министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција во Владата, одлуката е донесена врз основа на процената на Комисија дека постои ризик од настанување на кризна состојба поради недостиг на електрична енергија и состојбата на пазарот на електрична енергија врз основа на извештајот изготвен од МЕПСО за проценката на стабилноста на македонскиот електроенергетски систем за последниот квартал на оваа година.