strumica denes logo

Oсобености на куќните слави во Струмица – Муабетите за ВМРО и СДСМ се на прво место меѓу гостите!

Автор:

Датум:

октомври 22, 2021

Автор:

Датум:

октомври 22, 2021

Куќните слави за време на имендени се едни од најубавите собири на потесното и поширокото семејство на домаќините, но и настани на коишто речиси секогаш се случуваат 5 вообичаени работи:

Секогаш има еден гостин што има испиено малку повеќе и што зборува доволно гласно за да го слушнат речиси сите гости.

Секогаш има одделни гости кои пристигнуваат после 23 часот, време предвидено за веќе заминување на гостите. Со нив се седи до рано наутро.

На славата никогаш не се изоставува темата за политика – секогаш се присутни минимум двајца спротиставени претставници на ВМРО и СДСМ кои се фаќаат збор за збор и така тераат се’ до заминувањето од гости.

Менито мора да вклучува пирошка и соленки.

Неизоставен дел од музиката за расположение е ДМ САТ телевизија и српските турбофолк песни.

Гостите своето заминување го најавуваат со побарување на парчето торта што ги следува.

Домаќините добиваат десетици бомбоњери и украсни винa, кои потоа ги носат на наредна слава.