strumica denes logo

СТРУМИЧКИ „КОМУНАЛЕЦ“ ИСЧИСТИ МАЛА ДЕПОНИЈА СОЗДАДЕНА НА ПАТОТ ПОМЕЃУ ЦАРЕВИ КУЛИ И ПОПЧЕВО – НЕКОИ ГРАЃАНИ ПРОДОЛЖУВААТ СО НЕСОВЕСНОТО ОДНЕСУВАЊЕ!

Автор:

Датум:

октомври 5, 2021

Автор:

Датум:

октомври 5, 2021

„КОМУНАЛЕЦ“ – СТРУМИЦА:

И покрај секојдневните апели и предупредувања , работа на терен и чистење депонии од страна на ЈПКД Комуналец, некои граѓани продолжуват со несовесното однесување и уништување на животната средина. Денеска беше откриена и исчистена мини депонија создадена на патот помеѓу Цареви Кули и Попчево. Се надеваме дека надлежните институци со новиот ЗАКОН ЗА ЈАВНА ЧИСТОТА ќе се потрудат секој прекршител да биде казнет. За да бидат избегнати вакви ситуации и да се зачува чиста животната средина ЈПКД Комуналец им стои на располагање на сите граѓани кои имаат отпад да до пријават на телефонскиот број 13-110 и во договор со службите нивниот отпад во најскоро можно време ке биде подигнат од пред нивниот дом. Ве молиме да не го истурате одпадот пред вашиот дом па да се јавите, туку пријавете и во првиот слободен термин во договор со вас отпадот ќе биде подигнат.