Елон Маск објави дека му испратил на Џеф Безос сребрен медал и „џиновска статуа“ на бројот 2, откако го престигна во рангирањето на најбогатите луѓе во светот.
Претходно оваа недела, според „Forbes“, Маск стана третата личност во светот што ја надмина границата од 200 милијарди долари.
„Му испраќам на Џефри Б. огромна статуа со бројот 2, како и сребрен медал“, рече Маск за магазинот Форбс во е -пошта.
Безос стана првата личност во историјата што ја надмина границата од 200 милијарди долари. Основачот на „Amazon“ го постигна ова во август.
Неодамна, истото го направи и најбогатиот Европеец – Бернард Арно, кој е главен акционер и претседател на Одборот на директори на компанијата за луксузни производи LVMH Moët Hennessy – Луј Витон.
Маск и поранешниот извршен директор на „Amazon“ неколку пати го сменија лидерството меѓу најбогатите луѓе во светот.
Двајцата, исто така, се борат за нивното идно присуство во вселената, откако нивните компании Blue Origin и SpaceX се тужат за договор со НАСА за 2,9 милијарди долари.