На денешната прес-конференција на Антонио Милошевски беше соопштено дека трката за градоначалник на општина Ново Село од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи Ѓорѓе Божинов.
Божинов е млад човек вработен како извршен менаџер во сопствената градежна компанија, образуван во странство за бизнис и менаџмент со постојана ангажираност во голем број комлексни конструкциски проекти и мноштво активности за доброто за средината и заедницата.
Неговата успешна работна кариера и образование го донесе на меѓународната Школа за млади лидери на која предаваа голем број светски авторитети од областа на политиката и менаџментот.
Тој е роден во Ново Село каде воедно е и седиштето на неговата приватна компанија.