Почитувани,
Ве известуваме дека угостителите од Струмица едногласно донесовме одлука за бојкот од (24.08.2021) изразувајќи незадоволство поради новите мерки кои беа донесени деновиве.
Од вторник од 11:00 часот до 13:00 часот, секој ден во знак на незадоволство ќе настапиме со блокирање на улиците во Струмица како и влезовите на градот.
Ги бараме повторно претходните мерки за слободен влез на невакцинирани и вакцинирани, бидејќи со моменталните мерки се создава само поделба на граѓаните.
Ние не сме тие што ја шириме короната и затоа бараме владата да го прифати нашето барање. Во спротивно ќе настапиме и со поостри мерки.
Во овие години ние сме на постојан удар, време е Владата да донесе нови мерки кои ќе бидат и во наша корист.
– Угостителско здружение од Струмица.