На 22 мај пратеничките во Собранието Ели Панова и Д-р Јадранка Поцкова ,Претседателот на републичката Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Љутков, претседателот на комисијата за култура при ОК Струмица Бранко Ѓоргиев и Секретарот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Струмица Владимир Ристов остварија работна средба со претставници на здружението Култура или Фис-култура.
На средбата беа разгледани актуелните проблеми со кои се соочуваат културните работници од Струмица.
Од страна на пратеничките Панова и Поцкова во договор и со другите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ од регионот преземена е обврска:
-да се постави прашањето во Собранието на Република Македонија на следната седница за пратенички прашања;
– да се преземе ангажман во врска со предлагање на солидни решенија во новиот Закон за култура;
-да се институционализират актуелните проблеми со сите расположливи сретства.