Пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ Ели Панова, заедно со претседателот на општинскиот комитет во Струмица, Жан Дрвошанов во рамките на агендата ,,Пратениците со народот” викендот ги посетија населените места Куклиш, Добрејци, Муртино и Дабиле.
,,Народот едвај преживува, се жалат од земјоделието, од образованието, од здравството, од економијата, од огромните поскапувања…
ГО УПРОПАСТИЈА И ТОА ШТО СО ГОДИНИ СЕ ГРАДЕШЕ!
Граѓаните се жалат од неправдата и од распродавањето на СЕ МАКЕДОНСКО!“ – напиша пратеничката Ели Панова.