Премиерот Заев и градоначалникот Коста Јаневски, пред малку беа на увид по пожарот што синоќа се случи во Струмица во „Глобал“.
Премиерот рече дека ќе му се помогне секому кој е оштетен од овој немил настан што побрзо.
Зоран Заев исто така им се заблагодари на пожарникарите кои како вистински херои се бореа со огнот!
Големиот пожар беше ликвидиран утрово во 03:50 минути, но беше оставена дежурна екипа поради догаснување на одредени жаришта во приземниот дел.
Штетата во „Глобал“ допрва ќе се утврдува!
Секоја чест за пожарникарите, полицијата, брзата помош и „Комуналец“.