strumica denes logo

СТРУМИЧКА ПРИВАТНА ФИРМА ЗАРАБОТИ ДУРИ ЧЕТИРИ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ!

Автор:

Датум:

октомври 7, 2020

Категории:

Хроника, Струмица

Автор:

Датум:

октомври 7, 2020

Категории:

Хроника, Струмица

СВР Струмица поднесе четири кривични пријави против приватна фирма од Струмица и З.Х.(36) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 22.08, 29.08., 06.09. и 12.09.2020 пријавените постапиле спротивно на протоколот за отворање и работа на кафетерии и угостителски објекти за исхрана, односно на повеќе стоечки маси немало средства за дезинфекција, а околу масите биле присутни повеќе лица од дозволеното. Исто така, во објектот имало организирано и музички настапи без да биде обезбедно потребното растојание помеѓу гостите и естрадните уметници.