И денеска ќе се задржи нестабилно време со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Особено од пладневните часови па натаму кога локално ќе има услови за ПОИНТЕНЗИВНИ процеси, во форма на НЕВРЕМЕ со пообилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени.
Веќе од четврток нашата територија ќе биде под влијание на значително постабилна воздушна маса, па така и времето ќе биде стабилно, суво и сончево, со мала локална облачност. Но ќе започне да дува умерен, особено Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Пораст на температурите на воздухот, и потопло време се очекува за време на викендот.