Времето денес ќе биде претежно облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.
Во петок ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно североисточен ветер.
Во сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен ветер од северен правец.
Во недела времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
УХМР од денеска веќе предупредува дека под влијание на циклонска активност од денес следува период на променливо облачно, нестабилно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, особено денес и утре, кога локално се очекува обилен пороен дожд (над 30 л/м2), силен ветер, електрични празнења и изолирана појава на град.