strumica denes logo

КОСТА ЈАНЕВСКИ ЗА ФАКТОР: Во Струмица немаме заболен, досега успешно се справуваме со пандемијата и се надевам така и ќе продолжиме!

Автор:

Датум:

април 16, 2020

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

април 16, 2020

Категории:

Струмица

Струмица на 27 февруари ја донесе првата одлука за спречување на ширењето на коронавирусот во градот, а како општина секојдневно работиме на тоа, вели за Фактор, градоначалникот Коста Јаневски.

Самиот е доктор и вели дека тоа му помага комплетно да помогне околу потребите на здравствените установи, но тврди и дека е подготвен во секое време ако има потреба да го облече белиот мантил.

Во Струмица нема заболен од вирусот, а двајцата кои се во статистиката се од поширокиот струмички регион.

Јаневски: Досега успешно се справуваме и се надевам така и ќе продолжиме.

Сметам дека за ваквата состојба клучен момент беше донесувањето на одлуката за откажувањето на струмичкиот карневал – една од најзначајните и најмасовните манифестации со долга традиција, белегот на нашиот град.

Бевме прва општина којашто многу рано ја сфати сериозноста на предизвикот со којшто се соочува светот и донесе клучна одлука од епидемиолошки аспект и тоа кога се уште на државно ниво не беше донесена мерката за социјално дистанцирање.

На 26 февруари беше дијагностициран првиот пациент со корона вирус во нашата земја, а главната карневалска вечер требаше да се одржи на 29 февруари, веќе на 27 февруари донесовме одлука за негово откажување.

Беше тоа тешка, но од оваа временска дистанца правилна одлука имајќи в предвид дека струмичкиот карневал е интернационална манифестација во која што учествуваат странски групи, меѓу кои и од Италија и Германија кои веќе носеа ризик во пренесувањето на вирусот.

Не беше лесно да се донесе оваа одлука и од културен, туристички и материјален аспект, струмичани со месеци се подготвуваа за карневалот, работеа на своите маски и со нетрпение очекуваа да ги презентираат пред бројните домашни и странски гости.

Но, за среќа со откажувањето на карневалот сме донеле вистинска одлука во вистинско време.

Веднаш по оваа одлука го активиравме Општинскиот штаб за заштита и спасување како и сите ресурси и капацитети со коишто располагаме и многу рано започнавме со спроведувањето на мерките, затоа што здравјето на нашите граѓани нема цена.

Целосната вест може да ја погледнете со кликнување на следниот ЛИНК
ИЗВОР: ФАКТОР