Општинскиот штаб за заштита и спасување на општина Струмица во континуитет спроведува мерки за заштита на јавното здравје од корона вирусот.
По првото комплетно дезинфекцирање коешто беше извршено на 17 март, денеска, по започнувањето на полицискиот час со специјално средство ќе започне второто комплетно дезинфекцирање на
улиците,
тротоарите,
јавните површини и
урбаната опрема во градот, а дезинфекција ќе се врши и во населените места.
Јавното здравје е заедничка одговорност.
Сите да го дадеме својот придонес, граѓаните со почитување на мерките и препораките за заштита на нивното здравје, а ние, институциите со исполнување на нашите обврски во одржувањето на јавната хигиена другите мерки за заштита од корона вирусот.