Со помош на волонтери од општинскиот кризен штаб во Струмица, семејството на Заеви ќе донираат пакети за помош и за граѓаните од ранливите категории од Куманово и Дебар.
Како што пренесуваат повеќе медиуми, помошта ќе биде испорачана на претходно договорени време и локација.
Крајната дистрибуција до домовите ќе ја вршат општинските кризни штабови преку своите волонтери,
Во Куманово ќе бидат поделени 500, а во Дебар 200 пакети на семејства од социјално ранливите категории.