ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА:
Почитувани сопартијци и сограѓани,
Општинскиот Комитет на ВМРО – ДПМНЕ Струмица смета дека пред да преземе мерки Општина Струмица треба да направи консултација и со нас како опозиција заради чувството на вклученост, сигурност и заедничка активност на сите граѓани околу проблемот.
Да се формира кризен штаб на Струмица за да се надминат последиците од ширењето на пандемијата на Ковид 19 е сериозен чин затоа што мора одговорно да излезе во пресрет на граѓаните оние кои се во карантин, евентуално зафатените од вирусот и оние кои мора да ги преземат сите мерки: старите, родителите заради децата, работниците и стопанствениците.
Неопходно е кај сите сограѓани да се развие чувството на самоодговорност, да се отвори телефонска линија на која граѓаните може да
се информират и да пријават случај.
Редовно да се лиферуват информации преку флаери и низ медиумите за состојбата на теренот.
Граѓаните треба да добијат одреден број на маски и антисептички средства.
Навремено да се разгледа можноста за изнаоѓање на возила во случај на потреба од повеќе санитетски возила.
Добро е како насекаде во светот редовно да се измиват улиците (треба да биде темелно) но, има потреба да се постават средства кои ќе понудат
поголема хигиена на минувачите кои се движат по неопходни работи.
На влезовите во градот да се постават пунктови заради контрола на возилата и нивна задолжителна дезинфекција.
Глобал веќе не работи, граѓаните се уште набавуват на пазар Чешел и Сточниот пазар, но потребно е Кризниот штаб да понуди мерки за заштита како на купувачите, така и на трговците.
Одредено време понудата на намирници може да биде евентуално проблем – особено за социјално ранливите.
Интерсно звучи одлуката да се доставуват намирници преку доброволци, но како што ми се чини ова не може да се извлече како препорачливо од излагањата на Министерството за здравство.
Поранешниот пратеник од Струмица Костадин Костадинов не треба да промовира волунтаризам во услови во кои и најстручни медицински лица се инфицирани.
Повеќе од очигледно е дека стопанството ќе биде најсилно погодено. Веќе од нас решение барат голем број на стопанственици.
За почеток да се разгледа можноста за ослободување од фирмарините за сите производители и угостители кои се погодени од последиците на Корона.
ВМРО – ДПМНЕ ОК Струмица иако во мораториум на партиски делувања се става на располагање со сите капацитети.