Основана на 1 март 2014 година во Струмица како лабораторија за електроника, набргу ја прошири својата дејност како лабораторија за испитувања, сервисирање на специфични електронски уреди, дизајн на прототип и изградба на уреди по барање на корисник, сервисирање на ИТ компјутерска опрема, лаптоп-десктоп компјутери, индустриска електроника и автоматика.
Денес Лаб-Тек Електроник е еден од најпознатите сервиси за ЛАПТОП во Струмица и пошироко. Место каде што се вршат најсложените сервиси почнувајќи од механички оштетувања (скршеници), сервиси на изгорени матични плочи, графички (реболинг), дисплеи , софтверски проблеми комлетна подршка со огромен асортиман на резервни делови за сите модели. Сервисите се извршуват во принцип во еден ден, што дополнително ги прави задоволни нивните клиенти.
Покрај одржувањето на компјутери, компанијата е препознатилива и по сервисирањето на индустриска и медицинска електроника во регионот.
Освен на територијата на Струмица, Лаб-Тек ја прошири својата дејност и низ целата држава.
Професионалноста, врвниот квалитет и континуираниот успех се едни од карактеристиките што го прават Лаб-Тек Електроник еден од најреномираните брендови во Струмица и пошироко, а сручноста на тимот предводен од дипломиран инжинер по електроника Панче Милев со децениско искуство во областа и перфекционистичкиот пристап се главен адут за зголемувањето на своите среќни клиенти.