Откако пред неколку часови пристигна официјална потврда за прв случај со коронавирус во земјава, министерот за здравство Венко Филипче вечерва во 20:30 часот ќе одржи нова прес-конференција во Медија центарот во Владата.
Претходно, тој заедно со Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје и со премиерот Оливер Спасовски, повика на смиреност, бидејќи, како што рече, не постои простор за паника.
Инаку, првиот заболен пациент со Ковид 19 е 50-годишна жена која пред десетина дена се вратила од Италија.