strumica denes logo

(ВИДЕО) ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УМС ВМРО-ДПМНЕ ЈОВАН ЈАУЛЕСКИ, ДЕНЕСКА НА СРЕДБА СО МЛАДИТЕ ОД МУРТИНО И ВАСИЛЕВО!

Автор:

Датум:

февруари 5, 2020

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ

Автор:

Датум:

февруари 5, 2020

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ

https://www.facebook.com/jovanjauleski/videos/175290737147659/?t=1

Денеска во посета на подмладоците на комитетите на ВМРО- ДПМНЕ во Струмица и Василево состаноци одржа Претседателот на УМС ВМРО- ДПМНЕ Јован Јаулески.

На состаноците со младите од комитетот во Василево и Муртино присутен беше и Потпретседателот на УМС Владимир Ристов.

На својот профил веднаш по завршувањето на дневната агенда, Јаулевски ја објави следната порака до младите од регионот:

-Се наоѓаме на она фамозно место од кое Господ го црпна Зоран Заев од нивите и го донесе во Скопје да ја ,,исправи” Македонија. Кога ги прашав младите дали барем го исправил своето родно место, одговорот е следен: Младите ги пакуваат куферите и заминуваат далеку од Муртино, далеку од Струмица, далеку од Република Македонија.

Од она што низ разговор го слушнав од младите но и повозрасните кои идејќи наваму ме застанаа и си поразговаравме, е дека единствено што добија е закани, притисоци и уцени од фамилијата Заеви кои што се наметнаа како деспоти во овој дел на Република Македонија.

Лажеше и кога беше градоначалник, а лаже и сега. Ја лаже цела Македонија. И затоа на 12 април младите од Струмица и од цела држава ќе го прекинат ропското владеење на Зоран Заев, ќе му кажат дека е доста лаги, уцени и закани, доста е криминал и гледање на сопствениот интерес.

Време е за политичари кои искрено ќе се вложат за младите. Време е за обнова на Македонија, напиша Јаулески.