Во минатото, на струмичани им е било пружено задоволството да уживаат во едни од најубавите десерти во градот, подготвени од вештите раце на мајсторите од слаткарница „Пеливан“.
Слаткарницата имала неколку локации, но заедничко за сите нив е големата посетеност и масовна потрошувачка на слатките задоволства. На повозрасните струмичани засекогаш ќе им остане во мислите сладникавата и опојна арома на еклери, сладолед и индијанки, комбинирани со лимонада или боза.
Семејството Оскакац засекогаш ќе остане запомнето како љубезен домаќин.
Денес, традиоционалниот струмички вкус сопствениците го нудат на жителите на Цирих, Швајцарија. Сосем очекувано, побарувачката е голема – магијата на Пеликан продолжува!