Магијата наречена BOULEVARD CAFE прослави една година успешно постоење. Една година откако струмичани добија едно поинакво и опуштено место каде секојдневно го пијат своето утринско кафе и се релаксираат со пијачка во друштво најблиските!
На роденденот на BOULEVARD CAFE можеа да се забележат многу млади луѓе што е доказ за нивното успешно досегашно работење. За атмосферата на роденденот беа задолжени Dismissed, кои приредија одлична забава за присутните.
Искрени честитки и од тимот на Струмица Денес. Во продолжение погледнете ги фотографиите: