ПОЧИТУВАНИ,
ПОМИНУВА ПОЛОВИНА ОД МАНДАТОТ НА ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ НА СДСМ ВО ОПШТИНА ВАСИЛЕВО.
СДСМ Е ДРЖАВНА ВЛАСТ ВЕЌЕ ТРИ ГОДИНИ. И, СИТЕ МОЖЕМЕ ДА ВИДИМЕ ДЕКА ПОВЕЌЕТО ОД ПРОЕКТИТЕ КОИ СЕ ВЕТЕНИ – НЕ СЕ НИТУ ЗАПОЧНАТИ.
УШТЕ ПОЛОШО.
ФАКТ Е ДЕКА: ДУРИ И ОНА ШТО Е НАПРАВЕНО НЕ СЕ ОДРЖУВА.
ГО ПРАШУВАМЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ
ДО КАДЕ Е СО РЕШЕНИЕТО ЗА ДЕПОНИЈАТА ШТО ИМАШЕ РОК ДО 2020 ГОДИНА?
ДЕПОНИЈАТА ГО ЗАГАДУВА ЦЕЛИОТ ЈУГОИСТОК.
ПОРАНО СЕ КРИТИКУВАШЕ ЦЕНТРАЛНАТА ВЛАСТ ДЕКА НЕ ПОМАГА ПА ЗАТОА СЕГА ПРАШАЊЕТО Е: КАКВА ПОМОШ МУ ПОНУДИ АКТУЕЛНАТА ?
ПОНАТАМУ ДО КАДЕ Е ИЗГРАДБАТА НА ПРИФАТЕН ЦЕНТАР ЗА СТАРИ ЛИЦА ВО ВАСИЛЕВО?
ДО КАДЕ Е РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА КУЛТУРНИОТ ДОМ.
ЗОШТО ВЕТИВТЕ СЕКУНДАРНА МРЕЖА ЗА ОТПАДНИ ВОДИ- ФЕКАЛНА КАНАЛИЗАЦИЈА ВО ВАСИЛЕВО, ГРАДАШОРЦИ И АНГЕЛЦИ ?
ШТО СТАНА СО ВОДОВОДОТ ВО ПИПЕРЕВО?
ТАМУ ТРЕБАШЕ ДА СЕ АСФАЛТИРА И ТУРСКОТО МААЛО.
НАША ИРОНИЧНА ПРЕПОРАКА: АКО НЕКАДЕ СТЕ ЈА ЗАБОРАВИЛЕ ПРОГРАМАТА – ЈА ИМАТЕ НА ИНТЕРНЕТ.
НАПРАВЕТЕ ГО ТОА БАРЕМ ВО ГОДИНИТЕ ОД ОВОЈ МАНДАТ.
ВИ БЛАГОДАРАМ,