Струмица им годи на ракометарите, вечерва битка за прво место во групата!

јуни 16, 2019

Македонската ракометна репрезентација по Битола и Скопје, третиот квалификационен натпревар за пласман на Европското првенство ќе го одигра во Струмица. Нашите ракометари го искористија доброто време во текот на вчерашниот ден за кратка прошетка до Колешинските водопади.

Синоќа, Брестовац го одржа последниот тренинг пред денешниот натпревар со Грција, а се предвидува дека салата „Парк” ќе биде исполнета за натпреварот кој треба да го верификува првото место во групата.

Нерешен резултат или победа ни носат подобра позиција пред ждрепката на 27 јуни во Виена. Во вториот натпревар од последното шесто коло се среќаваат Исланд и Турција.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ