strumica denes logo

Кон Македонија се движи нов влажен бран- подгответе се за невреме!

Автор:

Датум:

мај 29, 2019

Автор:

Датум:

мај 29, 2019

И во наредните денови ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поинтензивни процеси се очекуваат за време на викендот.

Прогноза за 30.05.2019
Минимална температура: 7°C до 14°C
Максимална температура: 22°С до 30°C
Сончево и топло со умерена облачност и слаб до умерен ветер од западен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Прогноза за 31.05.2019
Минимална температура: 7°C до 15°C
Максимална температура: 19°C до 27°C
Сончево со умерена облачност. Попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во источните делови.

Прогноза за 01.06.2019
Минимална температура: 6°C до 13°C
Максимална температура: 21°C до 27°C
Претпладне сончево, попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.