strumica denes logo

(ФОТОГАЛЕРИЈА): МИТИНГ НА ВМРО-ДПМНЕ ВО СТРУМИЦА!

Автор:

Датум:

април 7, 2019

Автор:

Датум:

април 7, 2019

Со митинг во Струмица, вечерва ВМРО-ДПМНЕ го заокружи караванот на средби и митинзи предвидени во југоисточниот регион како дел од кампањата за претседателките избори. На митингот се обрати кандидатот професор Гордана Силјановска Давкова и лидерот на ВМРО- ДПМНЕ – Христијан Мицкоски.

Во своето обраќање, Гордана Силјановска рече дека Струмица ја асоцира на личноста на Борис Трајковски со кого соработувале во исклучително важни времиња за земјата, но и на Горан Пандев на чиј успех редовно се горди сите Македонци. Секој човек има своја животна филозофија па, без филозофија на политика нема успешна политика туку само – политиканство. Но Струмица за жал е родното место и на таканаречениот Заевизам. По победата и овде во Струмица таа политика ќе стане нова македонска политика. Политиката на Заев не создава јавна вредност, а не меѓународна. Политика од типот – КАЖУВАМ,  ЗАБОРАВАМ , НЕГИРАМ. Кога ги слушаме не знаеме колку личности се во еден човек. Многу зборуват, повеќе негират, а уште повеќе забораваат. Ја заборавија химната, ја заборави ете како што велите и Струмица. Таму каде нема химна, нема ни држава. Силјаноска рече дека во оваа кампања не може да разграничи кога е премиер Заев, а кога е Лидер на партија. На таа практика ќе ставиме крај – им вети на присутните.

Силјановска е изненадена од ретроградните процеси. Не можам да поверувам дека на прагот од  21 век ќе зборувам за македонизмот. Гледстон не заборавил да напише – Македонија на Македонците. Кога зборувам за Македонци мислам на политичкиот модел, составен од разни етноси и вери. Се поставуват сериозни прашања со овие нивни решенија за кои се фалат дека блескат во светот: Ако има Северна Македонија, прашањето е има ли држава Јужна Македонија – рече Силјановска алудирајќи на лошото решение со преспанскиот договор.

„Нашите предци кои ги преживеале балканските и светските војни се нарекувале Македонци, та дури и оние кои преживеале од бродоломот на Титаник биле запишани како Македонци. Сегашното решение на власта е гордеење со регионален идентитет, а ние бараме конституирање на државен. Соседна Грција е основана 1830 година, па ако и значело толку името ќе го земела тоа име. Ама нам тоа ни значи –  тоа за нас е лично прашање, прашање на личен идентитет “- рече Силјановска.

За да се заокружи македонската приказна потребни се успешни избори кои ќе предизвикат предвремени парламентарни избори. Поразот на Заев и Пендаровски ќе значи промена на се’ што преземаа без наша согласност и средување на состојбите во економијата, развојот и просперитетот на земјата.

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, го започна своето обраќање пред струмичани со едноминутно молчење поради прерано згаснатиот живот на Билјана Беличанец.

„Врз основа на целокупната енергија и илјадници сведоштва на сограѓани вечерва ви објавувам дека народот ќе победи на овие претседателеки избори, а професорката Гордана Силјановска Давкова е идниот претседател на Македонија. Македонија е опљачкана и понижена и ова секојдневие мора да се смени. Од една страна е битката против заевизмот и од другата страна е избраниот од деспотот Заев – кандидатот Стево Пендаровски. Ќе победи коалицијата на народот. Ние на Македонија мислиме секое утро и навечер, а тие Македонија само ја пљачкаат. Ние сме за Македонија да чекори во иднината. Тие сакаат да чекорат со торби полни пари, а ние со честита Македонија. Тие сакат богата татковина и богати граѓани. Тоа не прави различни од СДСМ. Ние се гордееме со нашето едро – тоа е нашата традиција. Тие, пак имат фрлено сидро“ – рече Мицкоски.

После победата на претседателските избори ќе дојде до предвремени парламентарни избори и ќе победи ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата. За оние кои народот си го нарекуват стока и сурати- ќе има пеколна казна од народот. Ја украдоа власта и сега прават се’ што е спротивно од тоа што ветуваа. Редеа чевли пред Владата, а сега дополнително се иселуват граѓаните. Ние сме поразлични, се исправаме пред секој предизвик.“

Мицкоски вечерва навести дека партијата работи интензивно: „Изработуваме програма, моќна програма со развојни проекти. Ветуваме пред сограѓаните политичари кои ќе бидат изморени од работа. Помогнете ми да и’ помогнеме на Македонија“.

Вечерва по завршувањето на митингот се организира и забава за младите во чест на 28 годишнина од постоењето на подмладокот на партијата.