Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се сретна со младите на Ново Село.Како што напиша на својот официјален фејсбук профил,Мицкоски со младите разговараше за катастрофата со која се соочуваат, а е наметната од власта, но и за иднината, за честито Ново Село, за честа, достоинството и правдата. За визијата на ВМРО-ДПМНЕ за Македонија.
Во недела лидерот на ВМРО-ДПМНЕ доаѓа во Струмица каде во Центарот за култура со почеток од 19:00 часот ќе има средба со граѓаните на општина Струмица.