На 25.03.2019 во 16.30 часот во Полициската станица Струмица, Т.С.(47) од Струмица пријавил дека на 22.03.2019 година околу 18.30 часот на улица „Мара Минанова“ во Струмица бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.
На 26.03.2019 година во 14:30 часот во Полициско одделение Ново Село Д.И (41) од село Сушица пријавил дека на 22.03.2019 година околу 12:30 часот и 26.03.2019 година околу 13:00 часот во село Сушица неговиот малолетен син бил физички нападнат од Д.Н. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 25.03.2019 година во 21:25 часот во Полициска станица Струмица А.К (26) од село Босилово пријавила дека истиот ден во 20:00 часот пред дворното место на нејзината куќа била физички нападната од С.П од Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.