strumica denes logo

ИНТЕВЈУ НА ДАЈАНЧО ЕФТИМОВ ЗА ЈАВНО.МК:ПРАВДАТА БЕЗ СИЛА Е НЕМОЌНА,СИЛАТА БЕЗ ПРАВДА Е ТИРАНСКА!

Автор:

Датум:

март 21, 2019

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ

Автор:

Датум:

март 21, 2019

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ

ЈАВНО: Која е Вашата најголема активност во моментов, кој проблем го согледувате како нај актуелен?

Владеењето на правото и правната држава беше темата на трибина одржана во Ново Село на која беа присутни сограѓани загрижени за неправдата во земјава, што како проблем е актуелен и во меѓувреме се интернационализира, а државата добива критики. И на трибините и средбите кои потоа ги реализиравме со комитетите граѓаните зборуват за неправдата, слабата координираност на институциите во одредени случаи и незадоволство од административниот систем.
Негативните искуства на сограѓаните ја потврдуват старата максима: Правдата без сила е немоќна, силата без правда е тиранска.

Правната држава, владеењето на правото е најосетливиот дел бидејќи граѓаните го доживуват како гаранција на слободата и пред се чувство на несигурност.

Системот граден врз начелото на поделба на власта и владеење на правото беше систематски дерогиран преку повеќе активности. Изборот на Претседател на Собранието на Република Македонија е чинот од кој се уште јавноста очекува записник, договарањето за амнестија и обезбедувањето на 2/3 мнозинство во законодавниот дом со помош на инструментите на извршната власт, непочитувањето на одлуката на граѓаните на Референдумот 2018 година е само дел од активностите за дерогирање на системот.

Класичен удар за правната држава е упадот на извршната власт во судската, на начин во кој реформскиот процес во судскиот систем го носи Премиерот Заев кој е носител на извршната власт. Инаку по професија е економист, додека истакнати професори правници се откажаа веројатно свесни дека политиката што следи не може да се објасни со правниот јазик. Да се потсетиме дека премиерот беше за генерален реизбор на судиите што е многу чудно ако се знае дека во 1996 година токму СДСМ ги постави основите и темелите на овој систем со избор на 680 судии во еден ден.

Во државата постојат две обвинителства под палката на иста власт. Кои бележат пад на поддршката во јавното мислење затоа што се создаде целосна недоверба во судскиот систем.

Најновата небулоза е со предлог законот за Јавно обвинителство со чие евентуално донесување се предвидува и рекомпонирање на Јавното обвинителство односно јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникацииите да се инкорпорира во Јавното обвинителство со што пак ќе се потврдат повеќегодишните тврдења на еминентните правници и експерти дека како прво ова обвинителство било против уставно и противзаконско; второ се делегитимира Уставниот суд бидејќи пред истиот пред повеќе од три години има поднесено иницијатива за преиспитување на уставноста и законитоста на ова обвинителство за кое сме сведоци дека до денес ја немат разгледано и одлучено; трето недовербата на СДСМ во сопственитe кадри кулминира, бидејќи претходно беше проблем Јавниот обвинител на РМ, сега истиот е директно предложен од извршната власт на СДСМ, а има право и должност да презема кривично гонење по сите основи каде има индиции за противправно дејствување и кривични дела кои сега би му се дале во надлежност на новоформираното СЈО; четврто се озаконува незаконското со тоа што целосната структура на ова обвинителство со своите капацитети и персонални решенија кои се со недовреба од над 50 отсто кај граѓаните да продолжат со работа во новоформираното СЈО.

Прогонот на опозицијата се прави театрално, постои двоумење на претставниците на власта околу тоа дали одреден прогон е легитимен, во чија надлежност се одредени предмети и слично.

Резултат на тоа е чуството на загрозеност, несигурност кај граѓаните од нерасчистени случаи на убиства, напади на имотот во вид на грабежи на бел ден, неефективна потрага по исчезнати лица и слично.

Конечно најлошиот дел е што намерниот распад на системот е во функција на власта да создаде опозиција по своја мерка, да ја натера опозицијата да соработува против своја воља или да направи инжинеринг на изборите. Ваквиот однос кон редот и поредокот се пресликува и во административните работи, па илјадници луѓе во администрацијата и правосудните органи или разместени или отпуштени од своите работни места.

Се разбира граѓаните веќе станаа свесни за состојбата и затоа власта на сите наредни избори ќе доживее пораз.

ЗЕМЈОДЕЛИЕТО Е ПРЕД ТОТАЛЕН КОЛАПС

На прашањето какви се состојбите во регионот од кој доаѓа Струмичкиот и југоистокот, Дајанчо Ефтимов предупредува дека земјоделието е пред катастрофа .

ЈАВНО: Вие доаѓате од југоистокот какви се состојбите во тој дел од земјава?

Најболната тема во регионот југоисток е земјоделието. Претежно регионот е земјоделски и градовите во тој регион егзистират од земјоделие, а за руралните средини и да не зборуваме. Оттука земјоделската политика е од животно значење за нашиот регион.

Во тој контекст реално согледувајќи ги работите сакам да ја предупредам власта дека земјоделието е пред тотален колапс. Состојбите се алармантни и се закануват доколку не настанат промени да доведат до целосно уништување на земјоделието. Ова е тема за која треба повеќе да се зборува.

Во услови кога нафтата се искачи на рекордни 70 денари реалноста е дека т.н. зелена нафта мора да биде дел од работните услови на земјоделецот. Но, зелената нафта ја нема.

Да се потсетиме на ветувањата дека откупувачите буквално ќе се тепат кој да го откупи родот. Минатата година пролетната зелка остана по нивите, бостанот се фрлаше по улиците и депониите. Сливите останаа на дрвјата, а исто лошо поминаа производителите на праската, сливата, оризот, јапонската јаболка од интересен продукт за домашен и странски пазар остана непродадена, додека македонската јаболка достигна рекордно ниска цела од еден денар по килограм. Замислете 70 килограми квалитетна јаболка за едно литро нафта.

Порасна цената на лебот, а цената на пченицата остана иста.

Младите земјоделци повеќе не гледат иднина во земјоделието. Ваква несигурна положба ги прави да се отселат од земјава, да побарат подобри услови за живеење во земјите од Европа, Австралија.

Токму затоа сакам да ја предупредам власта особено што сега влегуваме и во изборен период дека состојбата е катастрофална – земјоделието е пред колапс.

Имено почнува да паѓа интересот за земјоделска работа, интересот воопшто за занимавање со земјоделие, со драстично намалување на производството и, на крај, изгледа иронично се доаѓа до заклучокот дека откупот во услови на мала понуда на пазарот ,,ќе се тепа” да дојде до производите.

Новите мерки дополнително ги загрижуват оние кои споредно се занимават со земјоделие. Замислете, се забранува вработен човек да има тезга на земјоделски пазар.

Истовремено со новите даночни измени земјоделците добија повисоки даноци на она што ќе успеат воопшто да го произведат во дадените услови.

Дури и ретко каде може да се слушне за проблемите на земјоделците. Не се сеќавам дека постои некоја особено актуелна телевизиска емисија на која може да се проговори отворено на оваа тема, а земјоделците да добијат и конкретни совети. Вработените од министерствата и подрачните единици ако се членови на опозицијата се преместувани, патуват и по 100 километри до работното место наместо да бидат ставени во служба на земјоделците.

ОПОЗИЦИЈАТА ОТВАРА ЧАДОР ЗА НАРОДОТ

ЈАВНО: Во врска со претстојните претседателски избори какви се вашите активности, дали партијата е подготвена за изборите и конечно каков е ставот кон повикот за бојкотирање на изборите?

По одржаните состаноци на ниво на структури можеме да заклучиме дека и покрај притисоците партијата врз членовите и структурите ние сме спремни за избори. Нашата мрежна поставеност го врати своето ниво.

Не е особено тешко да се проектира нашата најважна политичка задача во претстојниот период: зачувување на нашата национална самобитност преку одржување на про европскиот и евроатлански курс. Односно да докажеме дека нашето политичко однесување е содржина на за честита Македонија.

Црвената буржоазија во Македонија конечно тргуваше со она што ни преостана, а тоа е националниот идентитет.После разграбувањето на општествениот капитал, односно приватизацијата и отстапките што и се направени во транзицијата сепак црвената буржоазија во земјава конечно го предизвика и националниот идентитет.

Црвена буржоазија како колективен израз во праксата потврди одредени концепти. Таа НЕ е наследник на комунизмот. Црвената буржоазија е еден слој кој го киднапираше поранешниот систем. Тоа НЕ се децата кои се наследници на борците. Тоа не се децата внуци на партизаните. Имено, тие потомци на партизани денеска се на страна на вистинската опозиција. Црвената буржоазија пак, се обични криминализирани слоеви од нашето поранешно општество, бирократи и технократи кои имаа пресудна улога порано, а гледаме ќе му пресудат и на современото општество.

Во контекст на прашањево важно е да се потенцира обидот да се уништи нормалното идеолошко функционирање во нашето општество. Од тука натаму чинам јасна е задачата на Црвената буржоазија инаку опредметена за жал во СДСМ прво да ја загадат идејата на левицата како националослободителна. Тие левицата ја плукаа за време на приватизацијата еднаш, а сега втор пат и тој простор со флоскули лесно може повторно да го освојат.

Убедени се дека ВМРО-ДПМНЕ е моќно затоа што егзиститра во десниот простор и затоа се прави потег да се окупира со информации тој простор. Затоа интензивно работат да инсталират групи со ултра национални теженија, да создадат верски мотивирани односи и да создадат театар со подржувачи на идеи надвор од системот на евро атлантските интеграции.

Во последно време најголема инвестиција е нов циркус на конзервативизам, реформизам без национална традиција, потоа популистички слогани со цел застранување на гласачкото тело на ВМРО-ДПМНЕ. Она што не сакат да си го признат сами на себе и на странците кои ги лажат е дека националното чувство, цивилизациската припадност, не може да се вклопи со партиско прегрупирање.

На името на националната загуба сега подготвуват и бојкот со цел да ја ослабат позицијата на своите противници и да ја покажат опозицијата пред цел свет како слаба и без можност да дејствува.

Бојкотот особено во првиот круг, согласно Уставот каде што не се бара цензус може да му биде од корист само на СДСМ. Дури ниту во вториот круг од изборите бојкот и цензусот нема да и помогнат на Македонија. Затоа што власта секако ќе најде решение за новата состојба, а ние доколку си седиме дома и не излеземе да ги попречиме едноставно тоа ќе го дозволиме.

Затоа нашата активност е да ги собереме структурите, членовите и симпатизерите и да ги збиеме редовите, истовремено отварајќи можност да ни се приклучат сите сограѓани. Мораме да понудиме широка основа за интегрирање на разните групи и поединци. Како опозиција да отвориме чадор за народот под кој ќе застанат сите кои страдат од оваа власт. Толку народот настрада за само две години што СДСМ дури и своите членови ги купува со вработувања и, со многу пари.

Единствена идеолошка задача треба да ни биде да ги тргнеме од власт СДСМ и друго ништо. Да ги убедиме гласачите дека треба да застанат зад нас.

Ние и досега докажавме дека знаеме како треба да се работи и како се гради државата и чува татковината. Единствен заеднички проблем ни се СДСМ.

Паѓањето и делигитимизацијата ќе се официјализира на 21 ви Април кога на првиот круг од Претседателските избори ќе го добијат големиот удар.