strumica denes logo

Струмичани повторно се огласија: САКАМЕ ДОЧЕК НА НОВАТА ГОДИНА НА ПЛОШТАД!

Автор:

Датум:

ноември 26, 2018

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

ноември 26, 2018

Категории:

Струмица

Во тек со подготовките за највеселиот период од годината струмичани повторно со апел до Струмица Денес. Барањето не е ново и е одамна предложено – тие бараат организација на дочекот на Новата година на плоштад, исто како што имаат повеќето македонски градови.

„Во поголемите македонски градови најчесто настапуваат пејачи кои доволно не го будат интересот и излезеноста на народот не е задоволителна. Струмица одамна е позната по спектакуларна организација на настани и тоа секоја година се докажува преку Струмица Опен Фестивалот. Бараме дочек сличен на фестивалските вечери, но со помали финансиски издатоци.“

„Наместо да фрламе пари по бесмислени дочеци низ кафани и места надвор од градот и државата, јас би сакала да го облечам првото нешто што ќе ми падне во рака и да заминам на плоштад меѓу моите сограѓани на интересна забава. Крајно време е да направиме нешто со кое парите пак ќе остануваат во нашата општина.“

Идејата за вакво организирано славење веќе неколку години се предлага, останува да видиме дали допрва ќе биде разгледана.