strumica denes logo

Струмичанецот кој се преврте со тумбачки автомобил се обрати до јавноста: „Заврши сезоната за мене, жив здрав сум, следната година повеќе!“

Автор:

Датум:

ноември 19, 2018

Категории:

Хроника

Автор:

Датум:

ноември 19, 2018

Категории:

Хроника

Пред два дена се возеше тренинг пред трката „Скопје круг ноември 2018“ низ улиците во Скопје, а на него се случи еден тежок инцидент откако се преврте автомобил.

Мики Тодоров, возачот од Струмица, се преврте на кров со неговиот автомобил, откако претходно удри во една од безбедносните гуми.

Тодоров е во добра здравствена состојба и се јави на својот профил на Фејсбук.

„Заврши сезоната за мене. Жив, здрав, што е најважно. Следната година повеќе“, напиша Тодоров.