Со својата завидна географска положба, исклучително плодното поле и завидниот буџет, Струмица претставува една од најбогатите и најразивените општини во државата..Во продолжение, каква би била Македонија без Струмица? Без Струмица:
- Македонците ќе ги немаа вкусено најубавите плодови зеленчук и овошје
- Ќе постоеше мислењето дека во Македонија нема доволно развиен забавен ноќен живот
- Македонците од западните и северните предели немаше мака да мачат да ги разберат скратените зборови изговорени со неверојатна брзина
- Без Струмица, Македонија ќе ги немаше најголемите ѕвезди родени во овој град
- Македонија немаше да ги има Борис Трајковски и Зоран Заев на позиција во државниот врв
- Македонија ќе го немаше најмодерниот и најпосетуваниот ресторан – „Шалом“
- Без Струмица, Македонија ќе немаше толку успешни претставувачи на сите балкански музички шоуа (Горан и Ленче Кукиќ, Трајче Ѓеорѓиев, Славица Ангелова)